Граѓаните на Волино бараат одговори

November 1, 2013
Граѓаните на Волино бараат одговори

Прексиноќа Градоначалникот на општината Дебарца, Игор Трајкоски имаше средба со граѓаните на Волино. Да им каже што направил и што планира да им направи. Volino.mk останува на својот став – се додека градоначалникот не ги префрли парите што ФК Сатеска го следуваат од Буџетот на општината, согласно Програмата за развој на спортот во општина Дебарца за 2013 нема да известува за неговите активности.

Сепак, имајќи ги во предвид реакциите на граѓаните на Волино и бројните неодговорени прашања, јавно поставуваме неколку прашања, на кои граѓаните бараат одговор. Прашањата пред се се упатени до Градоначалникот, но и до членовите на советот на општината Дебарца од Волино. А, да потсетиме Волино е застапено со најмногу советници во советот на општината, три, од кои два се од мнозинството ( ВМРО ДПМНЕ ), а еден од опозиционата СДСМ.

Еве ги  прашањата  за кои жителите на Волино со право бараат одговор :

1.Зошто со месеци се неисчистени  “дивите” депонии на влезовите во Волино ? Дали се планира да се исчистат и кога ?

IMG_1782

2.Зошто нередовно се собира комуналниот отпад од домаќинствата, а за што граѓаните редовно плаќаат ? Последен пример е во текот на оваа недела кога отпадот не беше собран по некои улици и истиот остана расфрлен по истите. Исто така, граѓаните во сметката за ѓубретарина плаќаат по 13,оо денари за јавна чистота. Тогаш зошто во Волино на тој план  ништо не е преземено, не се коси паркот во центарот на селото, ниту се чистат улиците!?

1376341_10201831833431445_134919362_n (1)

3. Две од шесте улични светилки во центарот на селото не се во функција повеќе од пет месеци. Зошто не се поправени? Дали ќе се поправат и кога? Да потсетиме одржувањето на јавното ( уличното) е во надлежност на општината, а граѓаните за тоа плаќаат такса со сметката за потрошена  електрична енергија.

IMG_1779

4.При крпењето на ударните дупки извадениот шут со месеци е оставен до селскиот дом.Дали се планира негово отстранување и кога?

IMG_1780

5. Локалните патишта до и од селото се неисчистени, а на патниот правец Волино-Требеништа поставени се десетина “легнати полицијаци” ,поставени  нестручно и спротивно на прописите и кои претставуваат закана по безбедноста на учесниците во сообраќајот и предизвикуваат оштетувања на нивните возила. Дали се планира чистење на патиштата  од крајпатната вегетација и кога?  На што Ви личи ова што е поставено на локалниот пат?  На успорувач на брзината на возење или на средство за уништување на возилата на граѓаните? Дали се планира нивно отстранување и кога?

IMG_1773

6.Зошто ФК “Сатеска” не доби ниту денар поддршка од општината  за организацијата на турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2013” !? Турнирот оваа година се одржа по 16-ти пат, со учество на 31 екипа и за првпат не доби поддршка од општината, иако во Буџетот на општината има предвидено средства за тоа, а согласно програмата за развој на спортот  го следуваа 15.000,оо денари.

1170784_413541725418278_1689090373_n

Зошто ФК “Сатеска” не доби ниту денар поддршка од општината  за тековните активности, односно за натпреварувањето во општинската фудбалска лига !? Согласно програмата за развој на спортот во општина Дебарца за 2013 година секој клуб кој се натпреварува во општинската лига го следуваат по 60.000 денари годишно. За таа намена во Буџетот на општината се обезбедени вкупно 600.000 денари. Сите клубови ги добија средствата, ФК Сатеска не!?

IMG_7879

7.При реконструкцијата на заштитната   мрежа на спортскиот полигон, која патем речено беше во добра состојба крајно  нестручно беше изведена работата  од страна на избраниот изведувач  поради што секојдневно се  оштетуваат / кинат  топките. Дали се планира да се отстранат недостатоците и кога?

DSCN1375

За почеток доволно се овие прашања. Ги очекуваме одговорите и од градоначалникот на општината и од советниците. Граѓаните на Волино имаат право на тоа.

Volino.mk Ви отстапува простор за тоа.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.