Груевски во ОН порача: Ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија

September 25, 2011
Груевски во ОН порача: Ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија

Претседателот на македонската Влада, Никола Груевски се обрати на 66-то Генерално собрание на Обединетите Нации.

“Ние знаеме кој сме и како ќе живееме. Ние сме Македонци, зборуваме македонски, а нашата држава се вика Република Македонија”, рече премиерот Груевски во своето обраќање пред Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Тој додаде дека за среќа, 131. земја од светот избраа да не признаат под името со кое самите се нарекуваме – Република Македонија.

 

Македонската делегација посетата на Њујорк ја искористи и за средба со неколку компании чии сопственици се претствници на македонската дијаспора на кои се говореше за конкретни иницијативи коишто тие ги имаат.

На свечениот ручек што беше организиран во чест на премиерот со претставниците на македонската дијаспора во Њујорк присуствуваше и нашиот волинец Звонко Тупанчески, со сопругата. Звонко е еден од најистакнатите активисти на македонската дијаспора во Њујорк и пошироко во САД.

Владината  делегација предводена од премиерот Никола Груевски, денес од Њујорк ќе отпатува за Детроит каде ќе се сретне со претставници на американски компании и со нашите иселеници во овој град.

Поврзани написи