И Македонија доби Триумфална порта

January 6, 2012

На плоштадот „Пела“ во Скопје денеска свечено беше пуштен во употреба објектот „Порта Македонија“, на која се прикажани мотиви од македонската историја, култура и традиција.

„Порта Македонија“ претставува симбол на големата историска победа – создавањето независна и суверена Република Македонија.

Објектот во употреба го пуштија премиерот Никола Груевски заедно со вицепремиерот и и министер за финансии Зоран Ставрески, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и авторката на објектот Валентина Каранфилова Стефановска.

Поврзани написи