И Волино си има свое дерби, Волинско Ел Класико и Супер Класико

April 20, 2011
И Волино си има свое дерби, Волинско Ел Класико и Супер Класико

Во светот на фудбалот постојат повеќе топ дерби средби. Да се потсетиме:

Лондон го има своето Лондонско дерби Арсенал- Тотенхем.

Ливерпул го има Мерсисајд дербито Ливерпул – Евертон.

Манчестер градското дерби Манчестер Јунајтед-Манчестер сити.

Рим го има Римското дерби Рома – Лацио.

Белград дербито “вечитих “ривала Партизан-Црвена звезда.

Хрватска го има Хрватското вечно дерби Хајдук – Динамо.

Милан го има Дербито Де ла Мадонина Интер- Милан.

Шпанија своето Ел Класико Барселона – Реал Мадрид.

Аргентина Супер Класико Бока Јуниорс- Ривер Плата.

Овие натпревари се повеќе од обични, тие се “вечни”, за нив се живее, но имало случаи и за нив да се гине.

Е, и Волино има свое дерби, свое Ел Класико и Супер Класико. За него само се живее, а тоа е Волинското Ел Класико и Супер Класико:

Горна Маала vs Долна маала

Историски, фудбалското ривалство меѓу Горномаалците и Долномаалците во Волино отсекогаш постоело. Впрочем, од почетокот редовно се играле овие натпревари. Гоорномаалци својот терен го имаа во Паунчева ограда-Паунчица, а Долномаалците во некое стрниште или покосена ливада во долниот дел на селото. Се ставаа стативи  од по две прачки и дербито почнуваше. Некогаш победуваа едните, некогаш другите. Голема беше радоста по секоја победа. Со денови се зборуваше за тоа и се зафркаваа поразените.

Во недела, на Велигден, овојпат не во некоја нива, туку на спортскиот полигон најавуваме уште едно издание на Волинското Ел Класико. Традицијата продолжува. Атмосферата полека се загрева. На фејсбук се најавени неофицијалните составите на екипите, тренерите, па дури и коефициентите за прогноза.

Состави : Горна Маала -Скепароски Христијан, Скепароски Никола, Скепароски Димче, Бочески Дарко, Терзиоски Тони, Маркоски Даниел, Тупанчески Младен, Терзиоски Игор, Донески Павел, Стоески Роберт, тренер Бочески Стефче

Долнаа Маала-Силјаноски Костадин, Александар, Сашо, Трпкоски Илија, Секулоски Никола, Чалдрмоски Христијан, Митрески Даниел, Мочароски Даме, Митрески Никола, Сeкулоски Ангел, тренери Ангеле Велјаноски и Самоил Николоски.

Коефициенти 2,40 долна, 5,20 нерешено, 3.20 горна. Судиите ги чуваме во тајност, да не ги поткупите.

Медиумски настанот го покрива volino.org , се разбира Награда – пехар нема, но затоа има четири гајби пресно пиво.

Ајде в недела сите на дерби, Волинско дерби, Ел класико и Супер Класико

Горна Маала vs Долна маала

И на пиво………

Поврзани написи

  • zlatko skeparoski

    jas redam iljadarka na gorna mala :):):)

  • Daniel Mitreski

    da zivee VOLINO da zivee MAKE-DONIJAAAAAA! :DDDD

  • ZORAN CELAKOSKI

    OHOO.MNOGU JAK TRENER IMA GORNA MALA.ZATO I JAS ILJADARKA NA GORNA MALA 🙂