Илинден – Ден на Републиката

August 2, 2013
Илинден – Ден на Републиката

Денот на Републиката е голем државен празник на Република Македонија.  Се прославува на 2 август, кој е исто така и голем верски празник—Илинден, во чест на пророкот Св.Илија. Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност:

  • Илинденското востание од 1903 година, во текот на кое била прогласена република, и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година,  на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот човек асоцира на славното Илинденско востание и на Крушевската република, сепак во својата основа го има Свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања. Во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува и заклучува  небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици. Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, Св. Илија трчал со кочијата по облаци за да ја втаса ламјата.”

Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а главната прослава се одржува на Мечкин камен и во Пелинце, кај Меморијалниот центар на АСНОМ.

Нека ни’ е честит славниот општонароден празник Илинден, а Св. Илија нека ни помогне за подобро здравје и напредок!!

Поврзани написи