Историјат

Како е добиено името на селото Волино никој со сигурност не може да каже. Постарите велат дека се вика Волино затоа што тука имало многу вода. Според некои предпоставки се кажува дека името потекнува од доселувањето на жители од областа Волинија, па асоцирајќи ги неговата местоположба покрај реката Сатеска на прататковината или на островот Волин, на новата населба и го дале името Волино. Според името, Волино е стара населба. Настанало, најверојатно, на местото од постара населба. Селото Волино во 1582 година било во составот на тимарот охридски, лива охридска. Во селото живеело христијанско и муслиманско население. Поради плодноста на земјиштето и местоположбата Волино го привлекло вниманието на власта, односно на муслиманскиот елемент. До почетокот на XVIII од Волино биле христијаните под присила и така Волино било само чифлици. Главна преокупација на чифлигарите има била да дојдат до парче сопствена земја, ретко некои станувале и сопственици.

Населението во Волино е православно. Во 1880 година во селото Волино имало 45 куќи со 125 жители. Во 1900 година во Волино живеат 330 жители. По окупацијата на Македонија од Србија со балканските војни, во 1912-1914 има 347 жители, од кои 177 мажи и 170 жени. Во 1948 година бројот на жители во Волино е 609, во 1961 година 739, додека во 1981 година бројот на жители расте на 863. Според последниот попис во село Волино живеат 462 жители сите македонци христијани. Во селото има староседелски и доселенички родови кои се делат на родови кои си го знаат потеклото и родови со непознато потекло.