Фудбалскиот клуб  “Сатеска”  по јубилеен 20-ти пат го организира Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2017” , во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на Волино.

Пријавувањето на екипите ќе биде од денес до 10 Август.

Турнирот ќе се одржи од 11-28 Август.

Учеството за екипа изнесува 3000 денари.

Организаторот и спонзорите и оваа година подготвуваат богати награди за најдобрите екипи и поединци.

Од ФК Сатеска Ве покануваат и очекуваат.