Ќе се исплаќаат средства за штетата од градот во 2012 година

November 4, 2014
Ќе се исплаќаат средства за штетата од градот во 2012 година

Комисијата за проценка на штета од елементарни непогоди при општина Дебрца ги известува граѓаните кои имаат поднесено барање за надомест на штета на земјоделските култури предизвикана од невреме-град, на ден 10.08.2012 година дека со Одлука на Владата на РМ одобрени се средства, во висина од 15 % од утврдената штета.

За да може одобрените средства да се исплатат  секој подносител на барање потребно е веднаш до Комисијата да  достави :

-копие од лична карта ;

-копие од трансакциска сметка ;

-копие од имотен лист на кој се запишани катастарските парцели на кои биле засадени пријавените ( оштетените )  земјоделски култури.

Доколку подносителот на барањето не е сопственик на катастарските парцели на кои биле засадени оштетените земјоделски култури потребно е дополнително да достави и :

-копие од договор за закуп или

-нотарски заверена изјава дека на критичниот ден ги работел предметните катастарски парцели и дека на негова сметка треба да се исплатат одобрените средства.

Се напоменува дека без комплетна документација одобрените средства нема да се исплаќаат.

Комисија за проценка на штета

1.Радован Велјаноски – претседател

2.Зоран Ногачески – член

3.Симон Мартиноски –член

Во продолжение Список на граѓани од село Волино кои до Комисијата имаат поднесено барање :

steta

steta1

Поврзани написи

Коментарите се затворени.