Кога надоместот на штета од елементарни непогоди се користи како предизборно ветување !?

June 13, 2014
Кога надоместот на штета од елементарни непогоди се користи како предизборно ветување !?

Вчера Волинци, како и жителите на околните села Требеништа и Мешеишта, беа сведоци на едно силно невреме проследено со силни врнежи од дожд и град, надополнето со силен ветар. Најмногу од ваквата временска неприлика, оштетени беа земојоделците. Голем број од овошните, зеленчуковите како и житни култури претрпеа висок степен на штета. Со цел да се помогне, од страна на општината , беа поделени обрасци, како секој земјоделец индивидуално би поднесол барање, кое подоцна ќе послужи како доказ за обештетувањето од елементарни непогоди кое државата  согласно предвидените мерки би требало да го реализира.

Од тука се поставува прашањето, каде се средствата за пријавените штети во периодот од 2010 – 2013?

За време на предизборната кампања од страна на Владата беше речено дека за оваа намена, ќе бидат исплатени 72.601.129 денари или околу 1,2 милиони евра. Паричен надомест беше наменет за оштетените граѓани од град, дожд, поплави, невреме, земјотрес од општините Берово, Битола, Василево, Гази Баба, Дебарца, Охрид, Прилеп, Радовиш, Свети Николе и Штип зафатени во 2010, 2011, 2012 и 2013 година, кои доставиле извештаи со целосна документација.

Според владината одлука, паричен надомест треба да земат оштетените граѓани и од општината Дебарца, за следните елементарни непогоди- дожд и град  во Дебарца од 10 август 2012 година, дожд и град во Дебарца од 8 јули 2013 година.

images

За надоместот на штета од градот во 2010 година да не трошиме зборови. Владата на РМ  го одобри барањето на седницата одржана на ден 27.12.2012 година, а Министерството за финансии беше должно во рок од 8 дена да донесе одлука за доделување на паричните средства на општина Дебарца. Наместо 8 дена поминаа две и пол години, а одлука и пари нема.

Ниту еден денар од државната каса не е легнат на сметките на оштетените земјоделци.

Така е тоа кога надоместот на претрпена штета од елементарни непогоди, кој согласно важечките прописи им следува на граѓаните власта го  ( зло ) употребува во своите предизборни ветувања !?

Поврзани написи

Коментарите се затворени.