Коњановски во посета на Волино

August 13, 2012
Коњановски во посета на Волино

Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски вчера го посети Волино за да се увери во штетите на земјоделските култури од невремето кое во петокот го зафати Волино и поширокиот Охридско-Преспански регион.

Од она што го видов може да се заклучи дека за само неколку минути во атарот на селата Волино и Требеништа се уништени околу 50 хектари лозови насади и исто толкава површина овоштарници. Апелирам до општината Дебрца што е поскоро можно да ја испрати на терен Комисијата за утврдување на штети и да отпочне постапката за обештетување. Зависно од штетите, Владата ќе им врати на земјоделците средства во висина од 10 од 20 проценти од уништените реколти – рече Коњановски.

Заменик министерот Коњановски уште еднаш ја искористи оваа прилика да ги повика сите оние кои обезбедуваат егзистенција од земјоделството, да го осигураат својот труд и род.

Поврзани написи