Крајот на светот не дојде, но затоа пристигна зимата

December 21, 2012
Крајот на светот не дојде, но затоа пристигна зимата

Долгонајавуваниот крај на светот, кој според календарот на Маите требаше да се случи денес, не дојде. Дали се работи за грешка на календарот на Маите или негово погрешно толкување не е битно, битно е дека светот конечно може да “здивне”.

Крајот на светот не дојде како што беше најавено денес, во 12 часот и 11 минути , но знаете што се случи денес, една минута подоцна, во 12 часот и 12 минути по нашето време? Одговорот е многу едноставен: во Македонија и на северната полутопка  астрономски пристигна зимата, а во исто време за жителите на јужната полутопка почнува летото.

Зимата на северната полутопка е најкратко годишно време и трае околу 88 дена, два до три дена покусо од другите годишни времиња.

Зимата ќе заврши на 20 март 2013 година во 13 часот и две минути, за време на пролетната рамноденица.

Поврзани написи