Македонија ги слави своите кошаркарски лавови

September 19, 2011
Македонија ги слави своите кошаркарски лавови

Македонија ги пречекаа своите  херои. Илјадници граѓани денеска на аеродромот „Александар Велики“, низ улиците на Скопје и на плоштадот „Македонија“, им приредија величествен пречек на македонските кошаркарски репрезентативци кои го освија четврото место на Европско првенство во Литванија.

– Вчера по поразот ни беше многу тешко. Имавме болка во срцето зошто не ја освоивме медалјата, но сега кога ве видовме тука со поддршката што ни ја давате, колку не почитувате, не ни треба медалја, вие сте нашата медалја. Нема да ве разочараме и понатаму ќе победуваме за вас, истакна пред насобраните граѓани селекторот Докузовски.

„Сите ја знаете онаа изјава после натпреварот со Литванија – Леле луѓе што направивме. Но, тоа веќе не важи, кога ве гледам сега овде пред нас на еден ваков величествен дочек сега може само да кажам: Леле луѓе што направивте за нас!“ – им се обрати Владо Илиевски на насобраните македонски навивачи, ветувајќи им и нови вакви славенички моменти во иднина.

 Нашите кошаркари ги заслужија сите аплаузи на Евробаскетот во Литванија. Во нивна чест познатата навивачка песна „Излези момче“ ја изведоа познати Македонски музичари, Диџеј Бабура, Давор Бојанов и бендот Блезери во продукција на Александар Митевски.

httpv://www.youtube.com/watch?v=gdnWaXjEVN0

Поврзани написи