Македонија гласа на локални избори

March 24, 2013
Македонија гласа на локални избори

Денес Македонија гласа на шестите по ред локални избори од нејзината независност. Се избираат градоначалници и членови на советите во 80 општини и Градот Скопје. Гласањето започнува во 7 и ќе трае до 19 часот.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), поднесени се 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници. На советничките листи се кандидирале вкупно 8.528 лица.

На 2.976 гласачки места својот глас, според Изборниот список треба да го дадат 1.743.403 граѓани.

Во општина Дебарца ќе се гласа за 3 кандидати за градоначалници и 3 советнички листи на 28 избирачки места. Право на глас имаат вкупно 4569 граѓани на општината.

Во Волино се гласа на едно избирачко место, број 1346, во основното училиште, а право на глас имаат 454 граѓани.

Поврзани написи