Македонија го чествува Денот на револуционерната борба

October 23, 2012
Македонија го чествува Денот на револуционерната борба

Денес Македонија го чествува  23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога пред 119 години е формирана Македонската револуционерна организација.

 Под крилото на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, биле остварувани идеалите и реализирана  борбата на народот за достоинство, за слободата, правдата и човечките права. ВМРО израснала во вистински култ на македонскиот непокор и  извор на бројни легендарни подвизи на храброст и саможртва на македонските револуционери.

Со своето дело, илинденската генерација го направи достапен сонот за слободата, сон кој продолжи да се сонува од сите следни генерации, за конечно да стане реалност на заседанието на АСНОМ во 1944 година и целосно да се потврди на референдумот за независност на Македонија во 1991-та година.

 Нека е вечен и вековит споменот за Македонските револуционери!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.