Македонија петта во Европа, Кирил Лазаров бог на ракометните стрелци

January 27, 2012

Македонија во крајно драматичен меч успеа да слави со 28-27 над Словенија и да се пласира на петтото место на Европското првенство во ракомет  во Србија, воедно обезбедувајќи учество на еден од квалификациските турнири за пласман на Олимписките Игри во Лондон.

Македонскиот капитен Кире Лазаров по титулата најдобар стрелец во ракометната историја на СП, сега е најдобар голгетер и во историјата на европските првенства, поставувајќи нов рекорд од 61 погодок. Тој ги обедини двете круни и сега е вистински бог на ракометните стрелци!  

Најдобриот стрелец на сите европски првенства- КИРЕ ЛАЗАРОВ

Најдобриот стрелец на сите европски првенства- КИРЕ ЛАЗАРОВ

 Лазаров на рекордот што го постави пред две години, на СП 2009 во Хрватска, кога постигна неверојатни 92 гола, сега придодаде уште еден рекорд, на европските шампионати. Досегашниот најдобар ефект кај голгетерите во историјата на ЕП го имаше Исланѓанецот Олафур Стефансон со 58 погодоци.

Министерот за одбрана -  Борко Ристовски

Министерот за одбрана – Борко Ристовски

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов најави дека ракометарите ќе добијат медал за заслуги за Македонија. Ваков медал претходно добија и македонските кошаркари.

 Ракометарите ќе добијат медал за заслуги за Македонија. Дефинитивно го заслужија тоа со одличните игри и промоцијата на нашата држава на Европското првенство во Србија. Драго ми е што по кошаркарите, ете и ракометарите остварија пласман во самиот врв на спортска Европа“,изјави претседателот Ѓорге Иванов.

Поврзани написи