Денеска со „Медал за заслуги за Македонија” од страна на претседателот на државата, беше одликуван нашиот Иван Трпоски.
Медалот му се доделуваат за неговата исклучителна посветеност и ангажираност во своето работење во неговата земја Австралија, со што дал значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат.
13754495_1628709210779932_8289843310844907649_n

Признанието „Повелба на Република Македонија” се доделува на „Македонскиот сојуз во Кралството Шведска” за особени заслуги и достигнувања во својата дејност како асоцијација за зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности во светот, како и за придонесот за унапредување на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Шведска.

Покрај нашиот Иван Трпоски одликувани беа и Кирил Христовски од Соединетите Американски Држави, Лилјана Стоилковска – Андоновска од Кралството Шведска и Борче Величковски од Република Србија.

Од тимот на volino.mk на нашиот Иван, со искрени честитки му посакуваме да нижи уште многу вакви успеси во својата кариера.