Меморијал во Лешани: Седумка во мрежата на Славеј

May 31, 2012
Меморијал во Лешани: Седумка во мрежата на Славеј

Во натпреварот од четвртфиналето на Меморијалниот  турнир  “Кире Николоски-Камачо”, во Лешани, вчера  екипата на Сатеска до врв ја наполни мрежата на соседите од Мешеишта, ФК Славеј, победувајќи со убедливи 7-1 ( 1-0).  За Сатеска покрај стандардните играчи настапија и играчи што настапуваат во други екипи ( Секулоски, Митрески), а во првиот тим свое деби имаше и младиот Сашо Кожески.

Головите за Сатеска ги постигнаа Бочески и Секулоски по три и Скепароски Димитар еден. Во полуфиналето Сатеска ќе игра со екипата на  Илинден/Велмеј.

Поврзани написи