Мешеишта обезбеди пласман во осминафиналето

August 22, 2012
Мешеишта обезбеди пласман во осминафиналето

Екипата на Мешеишта обезбеди пласман во осминафиналето на Богородица Куп 2012. Во дербито на вечерта, во решавачкиот натпревар од третото коло во Г-групата екипата на Мешеишта ја совлада екипата на Ѓоршулески компани од Мороишта со 3-1, со двата гола на Мартиноски и еден на Аврамоски. Во другите вечерашни натпревари екипата на Фаланга со 8-5 ја совлада екипата на Технобела АМ Охрид, а во Б-групата , во натпреварот за престиж Аптека Христијан први Филип втори ја победи екипата на АСМ Рача со 1-0 и го освои првото место во групата, додека екипата на АСМ Рача како второпласирана исто така се пласира во осминафиналето. Единствениот гол го постигна Ристе Јосифоски во првите триесетина секунди од натпреварот. Во натпревар од Д-групата Мила ја победи екипата на Бизон со 4-2 и највероватно ќе игра мајсторка против Ложани за пласман во осминафиналето, додека екипата на Бизон и покрај поразот како првопласирана во групата обезбеди пласман во осминафиналето. Во последниот вечерашен натпревар, кој немаше резултатско значење, се сретнаа двете волински екипи, Сатеска и Волино.мк. Во натпревар со многу голови победи поискусната екипа на Сатеска со 5-4. Секулоски Никола постигна 4 гола и со вкупно 9 голови поведе на листата на стрелци, а Силјаноски Сашо постигна еден гол. За Волино мк Секулоски Ангел постигна два гола и по еден Печоски и Кожески.

Резултати

Технобела Ам-Фаланга  5-8  ( 1-4 )
Аптека Христијан први Филип втори-АСМ Рача 1-0  ( 1-0 )
Бизон-Мила  2-4  ( 0-3 )
Ѓоршулески компани-Мешеишта  1-3  ( 0-1 )
ФК Сатеска-Волино.мк  5-4  ( 3-3 )

Среда, 22 август се играат последните натпревари по групи

.
19,30 Ложани-Деко транспорт
20,30 Бел Мерцедес- Наташа
21,30 Арсенал Ресен Чоки
22,30 Ремис – Куратица

Дел од вечерашните случувања низ објективот на volino.mk

Поврзани написи