Месната заедница Волино додели плакети

August 29, 2013
Месната заедница Волино додели плакети

 Продолжувајќи ја минатогодишната традицја синоќа, пред почетокот на  финалниот натпревар Месната заедница додели плакети  оние кои во изминатата година дале свој придонес и заложба за развојот на Волино. Наградите им ги врачи Ногачески Зоран .

Оваа година беа доделени две плакети.

1. Николоски Роберт –  за повеќето донации за Волино, од кои можат да се извојат спонзорствата за ФК Сатеска, како и помошшта во собирањето финансиски средства за до изградба на црковните објекти во Волино.

Ногачески Зоран и Николоски Роберт/ Волино 2013

Ногачески Зоран и Николоски Роберт/ Волино 2013

 

2. Иван Трпоски – за посебен придонес, заложба и афирмација  на Волино, ширум светот, како истакнат писател, новинар и активист за Македонските права во Австралија и светот.

Ногачески Зоран и Иван Трпоски/ Волино 2013

Ногачески Зоран и Иван Трпоски/ Волино 2013

Во името на нашиот портал www.volino.mk и граѓаните на Волино уште еднаш им благодариме за нивната донација за развојот и афирмацијата на Волино.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.