Мој став: Мојата земја е Македонија

November 20, 2011
Мој став:  Мојата земја е Македонија

До сите Македонци.

Време е ние како нација да се ресхиме за еден заедницхки национален став и било што и да се деси, ние МАКЕДОНЦИ никакгаш во  нашата  нација, култура ,етност и историја  да дозволиме да се сомневаме.

Ние сме одсекогаш МАКЕДОНЦИ. Нашите дедовци, прадедовци и пра пра дедовци  и сите пред нив се бореле за нацијата МАКЕДОНИЈА. Никој од нашите пријатели за таја нација и идентитет не може во нивната историја да докаже дека се бореле за таа нација и тој идентитет. Што и да се деси, Македонскиот Народ не смее никогаш  да си дозволи  во својата историја,  култура , идентитет и нација  да се сомнева.  Најголемиот доказ за нашата  историја,  култура, идентитет и нација  е БОЖЈИОТ ЗБОР, бидејќи во библијата  господарот на се и сештото не нарекол МАКЕДОНЦИ и тоа  било Божјата волја и замисла.

Сите наши пријатели може да не нарекуваат како и сакаат но ние македонците никогаш не смее божјата волја да ја сменуваме и нас себеси да почниме да се нарекуваме без она што никогаш не сме биле.

Македонскиот Идентитет, Нација, Култура и Етнос одсекогаш биле израз на Македонското универзално љубовно Творештво и тоа било еден вид  израз на љубов и убавина  кон и за   универзалниот Бозжи насочен  Човек. Затоа  ние Македонците од сите нации на светов баш поради  тоа сме биле најмногу респектирани и восхитувани и во иднина треба баш по тој пат заеднички да чекориме и љубовното  Творештво безкрајно со ЉУБОВ  да го зголемуваме.

Да живее  Божјата волја  и Македонскиот  Народ.

А. Кленко

Поврзани написи