Мојот став:За патриотите и предавниците

June 9, 2011

Изборите завршија или што би рекол нашиот народ “ Би свадба и помина”. Реформите победија, но што од сето тоа ќе добие народот останува да видиме. Во нашето Волино традицијата остана непроменета и пак победи Вмро Дпмне и покрај силните проекти  кои општинската власт, која е од Сдсм ги имплементира во Волино. Ден по изборите на социјалната мрежa-фејсбук имав жестока полемика со наши волинци во САД на тема кој за кого гласал,  при што повторно се отвори вечната македонска тема за патриотите и предавниците. Моите Волинци во САД се со нивниот ригиден став според кој- кој не гласал за Реформите е предавник. Еве, јас си земам за слобода јавно да кажам дека не гласав за Реформите, за што и добив епитет “комуњарски предавник”. Зошто не гласав? Не гласав затоа што во изминатиот период ништо не видов од реформите во економијата. И покрај позитивните работи што ги донесе Владата на Груевски, факт е дека на економски план ништо не е направено. Граѓаните живеат во економска сиромаштија, социјална несигурност, невработеност и најниска просечна плата од сите поранешни југословенски републики, пониска дури и од новосоздадената држава Косово.

Секој граѓанин има легитимно право да гласа за оваа или онаа опција. Никој нема право себе си да се нарекува патриот затоа што гласал за една политичка опција, а да го нарекува предавник другиот кој гласал за другата политичка опција. Во изминатите две години токму “предавничката” опција (преку општината) имплементираше неколку значајни проекти за Волино како што се –проширување на патниот правец Волино-Требеништа, заградување на спортскиот полигон, изградба на доводен цевковод за водоснабдување од село Требеништа до Волино, осветлување на плоштадот во Волино, изградба на дел од патниот правец Волино-Мороишта, а во наредниот период  ќе се реализираат-изградба на трибина на спортскиот полигон, реконструкција на патниот правец Волино-Мешеишта, а заедно со Владата на РМ ќе се гради ново училиште. Мора да признаеме дека се работи за проекти кои треба да се респектираат.

Затоа, според мене патриотизмот се мери според она што си го направил за своето село и за својата татковина, а не само по тоа што си облекол на себе,  ваква или онаква маичка или капа. Не прогласувајте го некого за предавник само за тоа што гласал за политичката опција која не е Ваша, а знаете дека многу сторил или може да стори за заедницата на која и припаѓа ( те). Оставете ја во минатото поделбата на патриоти и предавници.

На овие избори граѓаните покажаа повисока зрелост од политичарите во предизборната  кампања. Граѓаните практично им одржаа лекција по однесување и демократска свест и избраа европска иднина.  Е па, нека му ја мислат сега изборните победници!

Затоа мои Волинци, за нас обичните граѓани најважно е заради нечиј политички ( и инаков) профит да не го проституираме својот глас,  да не се “јадеме”  еден со друг и да не се гледаме преку партискиот нишан. Важно е да се сочува не само здравиот разум, туку и чувството за заедништво. Затоа,  сакам да верувам дека и покрај сите вакви и онакви разлики помеѓу нас,  сите заедно навива (в) ме за Волино и Македонија.

( Мислењето изнесено во оваа статија е личен став на авторот)

Пишува: Зоран Ногачески

Поврзани написи

  • Илија

    Силни проекти за Волино?!Што е толку силно и ново што општинската власт сака да го направи или го направила не само за Волино туку за било кое село од општината.Се гледа дека на некои луѓе многу брзо и лесно можеш да им го испериш мозокот.Според тоа немој да се чудиш ако некој и те нарече онака како што веќе и си препознатлив.Очигледно беше една голема грешка.Зарем не е срамота реконструкција на на споредни патчиња да ги нарекуваш големи проекти.Дајте излезете со нешто конкретно и навистина големо па тогаш можеби и твоите волинци поинаку ќе те нарекуваат