Мојот Став: Коцката е фрлена…

April 10, 2013
Мојот Став: Коцката е фрлена…

Конечно после месечната голгота низ која поминавме, од понеделникот пак се се врати по старо или барем така сите помисливме за кратко. После месечното напрегање и двоумење решив она што неможев усно некого во разговор да му го пренесам т.е на најпрост едноставен начин да му го сервирам, решив да го образложам во рубриката Мојот Став на нашиот веп портал www.volino.mk. Се надевам дека овој пат нема да бидам разбран погрешно и дека нема да се крени едена цела машинерија да врти по мобилните телефони, барајќи изговор дека Мојот Став е бранење на една политикчка гарнитура, а напаѓање на другата. Впрочем јас нашата убава држава ја сметам за демократска земја во која секој, може да си го искаже своето мислење јавно, а другите самите да одлучат, нагласувам САМИТЕ ДА одлучат дали тоа мислење ќе го прифатат или игнорираат.

Добивме нов градоначалник. Или како што некои милуваа да кажат сме го урнале Тито. Пријателе бе, јас никаде во ниеден запис не сум прочитал дека Тито го урнаа. И сега малку ми е глупо да држам некои предавања по историја ама според една теорија Тито настрадал  во Русија  во 20те години од минатиот век, а според друга загинал во битката кај Сутјеска, но и во двете теории е заменет со двојник – советски агент кој си почина од природна смрт. Така да лоша ти била споредбата. А, да… Ај да не забегуваме од темава, добивме нов градоначалник (за правина каков таков наш си е, со здравје да си го носиме), ама и повторно ја добивме онаа племенска поделба на патриоти и предавници. Искрено некако темава за патриотиве и предавнициве како да стана демоде и како да ми е глупо пак одново и одново да се навраќам на неа. Неколку пати мојот драг пријател, соработник и главен уредник на порталот, Зоран Ногачески се обидуваше на наједноставен начин да ја објасни оваа болна тема (доколку сте пропуштиле линк од статијата http://volino.mk/mojot-staf-za-patriotite-i-predavnicite/).  Само не ми е јасно другарчиња – Од кога започна модата на носењето црвена баретка со жолто лавче и мафтањето и редењето на бајрак по тераси во црвено-црна боја истовремено симпатизирајќи десничарска партија да преставува симбол на патриотизам и од кога тие со спротивно мислње на тој ваш патриотизам се предавници или како што милувате така при срце да извикувате УМРЕТЕ КОМУЊАРИ?

Ајде сега ќе се вратиме во лекциите од основно оделение, прво да ја побараме дефиницијата за патриотизам. Патриотизам е поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „татковината“ (латински: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или град, но патриотизмот вообичаено се однесува на народ, нација или држава. Петриотите секогаш говорат за умирање за својата земја, но никогаш за убивање за неа.  Драги мои во дефиницијава никаде не пишува дека патриотизмот се однесува и на партија. Освен ако вие не сте учеле по некои други учебници? Што знам, некако на последниве локални избори, многу неписмен излезе народов, мајката… Секој што одеше на гласање се декларираше за неписмен и тоа од еден до друг избирачки круг, како да порасна бројката на неписмени, па бараа помош од оние пописмените со успешно завршено основно оделение и припрема за магистерска студија кај професорот чија омиелена тема му е ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ. Ама ако, јаки сме ние предавниците. Ќе собериме сила и ова ќе го преживеме.  Само да си знаете драги родители  – Не ги трошите сите пари за шклоување на вашите деца, оставете нешто и за нивно вработување. Таков ни е системот.

И како крај за сиот овој изборен куршлуз, сакам да посочам неколку работи:

Прво, се надевам дека новоизбранов градоначалник, кој за време на кампањата одеше од врата на врата, селективно нема да ја задржи истата селективност, кога ќе дојде време некој да тропне на неговата врата. Второ, ќе успее да го оствари она што го вети, во предвидениот рок, како и да не се лаже дека зборот континуирано во програмате ќе биде негов изговор.

Се надевам дека фудбалското игралиште во Волино, ќе биде осветлено и реновирано во 2014 година, како и ветената финансиска подршка за фудбалскиот клуб Сатеска ќе биде навреме обезбеден.

Како за почеток добро ќе биде да ги спуштите малку наземја и патриотите да не си прават бајрам со умот, па да садат цреши на фудбалски игралишта и да ја уништуваат младината, бидејќи – Младоста ги презира последиците и во тоа е нејзината сила.

Немојте да се вознемирувате ако нешто заборавите или испуштите да реализирате. Јас, нашиот портал www.volino.mk и сите наши пријатели и соселани ќе сме тука да ве потсетиме во текот на вашиот мандат. За кој после четирите минати години кој ќе летнат со брзина на светлината, нема да ви послужат како изговор дека се премалку. Зошто ние сме едно отворено општество. Кој како влезе, така излезе.

Коцката е фрлена…

(текстот во оваа статија е личен став на авторот)

Ангел Секулоски

Поврзани написи