Мојот став: Зошто македонските земјоделци не гo осигуруваат родот?

March 19, 2013
Мојот став: Зошто македонските земјоделци не гo осигуруваат родот?

Изминативе месец дена бевме сведоци на поплавени земјоделски повшини и сто процентно уништени посеви.

Па како што навикнавме низ годиниве веднаш после природни катастрофи низ медиумите се актуелизира темата Зошто македонските земјоделци не ги осигуруваат родот?

Податоците говорат дека минатата година во една од четирите осигурителни компании  кои нудат осигурување на посеви и плодови имало само 2.300 апликации. Земјоделците го обезбедиле родот од град, пожар и од гром. За осигурување од поплава, мраз и луња се доплатувало посебна премија.

После ваквите информации  веднаш за право си дааваат да се јават нашите “компетентни стручњаци” да говорат,  колку е тоа значајно посевите да бидат осигурани и како најголем кривец веднаш прстот го посчуваат кон земјоделеците истакнувајќи ја нивната неиформираноста и лежерноста кон природните катастрофи. Па ги гледам како во акција влегува Владата и  МЗШВ со тоа што откако не успеале да ги убедат земјоделците преку субвенционирањето сега ќе ги задолжеле осигурителните компании да ги анимираат земјоделците. Па теренски агенти на осигурителните друштва за 15 дена ќе почнат со лично убедување на земјоделците за поволноста од осигурување на производството, оти осигурувањето е најсигурен начин за справување со штетите од непогодите.

Јасно е дека не успева проектот за субвенционирање, кога условите кои се во него ретко кој земједелец ги исполнува. Како би успеало кога во претхоните доделувања на субвенциите, земјоделци за десетина квадратни метри беа одбивани, а одредени господа кои фиктивно засадија тикви или сеуште не ги виделе своите концесионерски ниви си лапаат државни парички, а на оние кои им се најпотребни мака мачат од шалтер на шалтер барајќи го она што го заслужиле и вистински им следува. Попаметно би било место тие агенти да ги праќате да перат земјоделски мозоци кои се доволно испрани низ годинивие, да пуштите образован и компетентен кадар кој не се соменевам дека го нема во државава,  да се прошетаат по земјоделскиве површини, па да ја видат реалната слика на терен:  Кој се всушност вистинските проблеми на земјоделците? 

Зошто оваа работа за која сега сте запнале да ја спроведите не се прави за 15 дена, за неа требаа еден подолг период за да биде успешно прифатена а, додека трае ова, Вие потрудете се да го осигурате она најважното – сигурниот пазар за ПЛАСМАН на производите. Верувајте ми подобро осигурување од тоа нема.

А, земјоделците се доволно паметни потоа сами да донесат здрави одлуки.

 

Ангел Секулоски

дип. зем. инжинер

Поврзани написи