На Велигден промоција на Националната Арена “Филип Втори Македонски”

April 13, 2011

Финишираат работите на новиот фудбалски храм “Филип II“ кој свечено ќе биде пуштен во употреба на Велигден, 24 април, откако ќе бидат поставени сите столчиња на новоизградената источна и западна трибина.

Комплетно реновираниот фудбалски стадион ќе има капацитет од 35 илјади гледачи, а првиот натпревар кој Македонија ќе го одигра на новата супер модерна арена ќе биде квалификацискиот меч против Република Ирска на 4 јуни.

Националната Арена „Филип II Македонски“ во Скопје е повеќенаменски стадион, меѓутоа најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Вардар и ФК Работнички,  како и фудбалската репрезентација на Македонија. Владата на Република Македонија официјално го преименува стадионот во февруари, 2009.  Старото име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.

Со реновирањето на Арената, чиј инвеститор беше Владата на Република Македонија се изврши реконструкција на јужната трибина, а целосно се изградени северната, западната и источната трибина.Во следната фаза се планираат реконструкција на фудбалскиот терен и атлетската патека.

Погледнете го промотивното видео:

Поврзани написи