Настани кои го одбележаа Волино во 2014

January 2, 2015
Настани кои го одбележаа Волино во 2014

Крајот на годината обично е период кога се сумира она што го одбележала годината што изминала.

 volino.mk направи една ретроспектива на настани што ја одбележаа 2014 година во Волино.

5 јануари – Прасе од 120 килограми изедено за неколку часа

Во домот на Ангеле Вељаноски – Пиперот во Волино, тазе закланото прасе од 120 килограми, за временски период од пет-шест часа, речиси целосно се изеде. Да, да целосно беше спастрено од дурарите кој денес и тоа како беа запоседнати во неговиот дом. Да биде приказната уште побогата, додека од скарата се ширеше прекрасна миризба на тазе свинско месо, се испи и една цела бочва со годинашно црвено вино.

1503370_623760291013748_1430092830_n

19 Јануари – Во осветените волински води, Никола Митрески фаќач на светиот крст

dscn1444 (1)

24 Март – Основана Водна заедница Бел Мост

По речиси двегодишна постапка, конечно заврши основањето на Водната заедница Бел Мост –с.Волино како здружение на сопственици или корисници на земјоделско земјиште здружени заради користење, управување, одржување, изградба, реконструкција и доградба на дел од делничната и/или разводната мрежа на хидромелиоративниот систем за наводнување и/или одводнување на територијата на заедницата утврдена врз основа на хидромелиоративна единица.

ИНИЦИЈАТИВА

1 Април –  Брендот Волино Сити стигна и до Њу Џерзи

Точно станува збор за ново отворениот кафе ресторант во градот Патерсон, Њу Џерзи, а во споственост на волинчаните Јоне и Јагода Короскоски. Кафе- ресторантот со работа официјално започна започна на 11 Март.

На менито од ресторанот најчесто се традиционални македонски јадења приготвени од вештите раце на Јоне Короскоски.

1464608_675431489185156_526298093_n

15 – Април – Велигденско Супер Ел Класико- Традицијата продолжува

dfg

16 Април – Предвелигденскиот снег, ги изненади Волинци

IMG_3133

6 Мај – Ѓурѓовден 2014

Со утринска литургија и традиционалното одење с крсти, со песната Крсти носам, Бога молам, Тропарот за Велигден и торжествениот поздрав Христос Воскресе-Вистина Воскресе Волинци го прославија празникот Ѓурѓовден, посветен на Св.Георгиј Победоносец. Литијата  предводена од свештеникот Диме Димоски ги обиколи сите цркви во Волино, посетувајќи и некои домаќинства, кои крстите ги пречекаа со мезе и пијалок.

10313828_500676470055152_2188852738508109279_n

8 Мај- Волинецот Митко Печоски- најдобар полицаец од СВР Охрид 

Najdobar_Policaec_3 (1)

19 Мај – Волинските матуранти ја слават “зрелоста”

10336799_10203655960385377_4762801205100435734_n

24 Maj – Мишела Иваноска-новиот Волински талент

Таа со одличниот вокален и сценски настап при изведба на песната “Плишано мече”, на овогодинашниот детски фестивал “Распеано рибарче”, изнуди воодушевување и огромни пофалби од публиката и организаторите.

10304880_10201990701278238_4007995753224693983_n

1 Јуни –  ФК Сатеска е новиот шампион на ОФЛ Охрид

Екипата на ФК Сатеска е новиот шампион на Општинската фудбалска лига Охрид. Ако минатата година не успеа во финалето од плеј оф-от против ФК Дебрца, оваа година работите си дојдоа на вистинското место. Во денешното финале, одиграно на СРЦ Атина Бојаџи ФК Сатеска беше подобра од ФК Воска, победувајќи со 3-1 (1-0).

10341634_10204053448726493_3662879533024303941_n

5 Јуни – Слават волинските полуматуранти

10302692_761839623836508_1390634048592661579_n

11 Јуни – Силно невреме го зафати Волино

5454

6 Јули – Се одржа јубилејната 5-та Волинска Регата

Денес, точно на пладне, при идеални временски услови, по течението на реката и каналот на Сатеска се одржа традиционалната и овој пат јубилејна Волинска регата 2014.

DSCN1651

7 Јули – Почина последниот Волински коњ

Единствениот волински коњ кој беше во сопственост на Павле Андроникоски, по кратко боледување, почина. Коњот беше доста омилен меѓу жителите на Волино, а особено интересен за помладата популација.

10521291_529917873797678_1611135824_n

8 Јули- Отпадот остана цела седмица на волинските улици

Цела седмица комуналниот отпад остана да се расфрла по улиците на Волино.

IMG_2230

21 Јули – Волинци ја чествуваа Света Недела

10360701_932704600088340_7167646308062384273_n

23 Јули – Старата куќа на Милан Јовески замина во историјата

Куќата беше стара повеќе од 50 години, ѕидана од Волинските мајстори со познатите земјени плит блокови.

photo

28 Август – Богородица куп 2014 во сеќавање на Зоран Митрески-Бутрагењо

17- то издание на Богородица купот имаше меморијален карактер и помина во сеќавање на прерано починатата легенда на ФК Сатеска, Зоран Митресњки-Бутрагењо.

10556341_714462211935983_2121089959236968431_n

28 Август – ИНСОМНИЈА ВРАНИШТА Е НОВИОТ ОСВОЈУВАЧ НА БОГОРОДИЦА КУПОТ

10629412_898230173539695_5886710845546721008_o

20 Септември – Тогочевце – Волино, средба по триесет и една година

DSCN1962

28 Октомври – И волинци на “Театарот на соништата”

И волинци беа дел од овој фудбалски спектакл. На трибините на Олд Трафорд, како навивачи на домашните се најде семејството Кожески, кое живее и работи во Швајцарија ( Ристе Лато, Гоце, Елена и Александар ). Навистина несекојдневно доживување.

1012277_10203415002879320_306547190935137257_n

8 Ноември – Даниел Цветаноски “златен“ на есенскиот училишен крос

10383500_831888906833923_37832340535204746_n

28 Декември – Волино затрупано во снег

Волино четири дена е отсечено и без електрична енергија. Сликата на терен говори дека за прв пат после 45 години Новата Година ќе ја дочекаме како да сме два века наназат. Чудесна е оваа земја.

*Среќна Нова 2015*

15509_977810998914945_5074701684718619490_n

Нај читана вест за 2014 година

“Богородица Куп 2014” во чест на нашиот Зоче Бутрагењо

 

Ви благодариме на сите поединечно за поддршката и критиките во текот на изминатава годината кои не мотивираат да продолжиме понатаму.

volino.mk тим

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.