Не само струшката гори и волинската депонија

July 26, 2017
Не само струшката гори и волинската депонија

Не е проблем само струшката депонија, која пак гори, денес попладне гореше  и дивата депонија, лоцирана до распределителната градба на каналот на река  Сатеска, во Волино. Од истата се креваше густ облак на чад.

Се работи за депонија која со години егзистира, а Јавното комунално претпријатие Дебрца речиси и ништо да нема преземено за нејзино чистење. Претходната локална власт изврши нејзино заградување, но во изминативе четири години оградата е уништена, депонијата преполна.

 

Во контекст на актуелните препукувања на партиите во советот на општина Дебрца за изградбата на регионалната депонија сакаме да потсетиме дека актуелниот градоначалник на општина Дебрца, во својата изборна програма 2013 година, на страница 27,  ветуваше:   уредување на општинска депонија ( рок-декември 2013 ), воведување на систем на селекција на отпад ( рок-септември 2013 ) и континуирано отстранување на дивите депонии.

За жал, во изминативе четири години не само што не се исчистија постојните, туку се намножија уште десетина други .

Затоа, крајно време е да се дејствува, оти природата нема да ни прости.

Поврзани написи