Волинчанецот Зоран Ногачески е кандидат за градоначалник на општина Дебрца

September 21, 2017
Волинчанецот Зоран Ногачески е кандидат за градоначалник на општина Дебрца

Волинчанецот Зоран Ногачески е изборот на кандидат за Градоначалник на општина Дебрца од Коалицијата “ Живот во Македонија за сите “. 

Зоран Ногачески е од село Волино. Роден е 1966 година, по вокација е дипломиран правник. Во својата професионална кариера од 1997-2005 година бил секретар на советот на поранешната општина Мешеишта, стручен и раководен државен службеник во општина Дебарца. Работи во општина Дебарца како раководител на одделението за инспекциски работи. Оженет и татко на две деца. ,

Голема чест, но уште поголеми обврски и одговорност.
Сите важни работи во мојот живот ми се случија тука, во срцето на моето село, Волино, во општина Дебрца. Токму затоа, селото претставува центарот на мојот свет, моето животно сидро и како дете од село тука имам намера да останам, а општина Дебрца е нашиот заеднички дом, во кој секој од нас треба да ја гледа својата иднина и својата шанса .
Одлично ја познавам душата на селото, добро ги познавам секојдневните проблеми и маки на месното население, бидејќи тоа се и мои секојдневни проблеми. 
Моето образование, дипломиран правник, дваесет и едно годишното професионално искуство, стекнато работејќи во локалната самоуправа, го оформуваат мојот професионален капацитет да одговорам на една вака значајна и одговорна јавна функција.
Чесноста, неискомпромитираноста, авторитетноста, чувството и грижата за средината во која живеам се атрибутите кои пак го оформуваат мојот човечки и пред се морален капацитет да одговорам на обврските и одговорностите што ги носи функцијата. 
Со мојот тим и кандидатите за советници имаме јасна визија за општина Дебрца и затоа да ги искористиме нејзините силни страни.
Нашата изборна програма за управување и развој на општина Дебрца во наредниот четиригодишен период, 2017-2021 нема да биде некаков кабинетски производ, туку автентичен израз на нашите заеднички потреби како граѓани на Дебрца.
Таа претставува наш заеднички напор да ги исправиме работите, да ја вратиме општината на граѓаните.
Подигањето на квалитетот на живеење во општина Дебрца е нашата главна цел. И граѓаните кои живеат на село имаат право на чиста вода, здрава животна средина, квалитетно образование и здравствена заштита, безбеден и спокоен живот.
Затоа, подаваме рака кон сите граѓани на Дебрца, без оглед на националната, религиозната и партиската припадност.
Придружете ни се во борбата за една поинаква, понадежна општина, за Дебрца во која секој е важен и секој ќе биде важен.
Искрено, верувам дека имаме сила и знаење заеднички да го оствариме тоа.-
изјави Ногачески за volino.mk 

Во името тимот на volino.mk му посакуваме успешна кампања и убедлива победа. 

Среќно. 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.