Ноќеска стрелките на часовникот за еден час наназад

October 27, 2012
Ноќеска стрелките на часовникот за еден час наназад

Ноќеска, в сабота кон недела  (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога како што соопшти Бирото за метрологија при Министерството за економија, стрелките на чосовникот во 3:00 часот ќе се поместат за еден час наназад, така што времето ќе се смета како 2:00 часот.

Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март 2013 година.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Поврзани написи