Нова парична донација од Волинци во Австралија

July 16, 2012
Нова парична донација од Волинци во Австралија

Волинци во Австралија продолжуваат со донации за своето Волино. Деновиве пристигна нова донација , во износ од 10.270 австралиски долари . Паричната донација на благајникот на Црковниот одбор му ја предадоа Симон Велјаноски и Ристе Трпкоски, кои летово одморот го поминуваат во родното Волино.

Волинци во Сиднеј собраа 7500 австралиски долари  ( 6000 долари се собраа на донаторската вечер, одржана во декември минатата година, а 1500 долари се од касата на манифестацијата Волински средби во Австралија), а Волинци и нивни пријатели  во Перт собраа 2770  австралиски долари.

Со паричната донација ќе располага Црковниот одбор и истите ќе се користат за потребите на црквите во Волино, а конкретно за кој проект дополнително ќе одлучува Црковниот одбор ,имајќи ги во предвид приоритетите на селото.

При примопредавањето на донацијата од страна на Црковниот одбор и Месната заедница село Волино на претставниците на Волинци во Австралија им беше изразена голема благодарност за сета досегашна помош за Волино, а Ристе и Симон уште еднаш потенцираа дека иако  со  години се далеку од родниот крај,  со душа и срце секогаш се во Волино, пренесувајќи ја  спремноста на сите волинци во Австралија  и во иднина да го поддржуваат развојот на Волино.

Со оваа донација за нецели две години Волинци во Австралија имаат донирано преку 32.000 долари, од кои околу 22.000 досега се потрошени за изградбата на новата црква Света Петка.

Поврзани написи