Управата за водостопанство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде позитивно мислење по иницијативата за основање на водна заедница Бел Мост-с.Волино, со што може да продолжи постапката за нејзиното основање. Водната заедница Бел Мост ќе се основа за хидротехничката целина која ја опфаќа територијата на КО-Волино, со еден зафат на река Сатеска, главен канал за наводнување во должина од 2550 метри и секундарна мрежа во должина од 7575 метри. Иницијативата е подржана од 203 земјоделци, од Волино, Требеништа и Мешеишта, со потенцијални 228 ха земјиште за наводнување.

Иницијаторите очекуваат целата постапка за основање да заврши за триесетина дена, а дотогаш се поставени двајца водари за контрола и обезбедување на тековното наводнување. Со основањето на водната заедница ќе се добие институционална форма која ќе се грижи за наводнувањето за подрачјето на КО-Волино.

vz 001

vz