Официјално:Волинска регата 2016 – седум години традиција, забава, релаксација

June 27, 2016
Официјално:Волинска регата 2016 – седум години традиција, забава, релаксација

Во недела 10.07 2016  година со почеток во 12:00 ч.  по седми пат ќе се одржи традиционалната “Волинска регата 2016″. Имено манифестацијата започна да се организира во 2010 година  по иницијатива на волинецот Саре Мочароски и истата нема натпреварувачки карактер, туку забавно – рекреативен и претставува своевидна носталгија и потсетување на времето – дамнешно кога сите волинци се капеа по витлите на Сатеска и пловеа по неа.

Поради водостојот на реката Сатеска регатата последните две години се одржува во првата недела во месец јули. Ги поканиме сите оние кои се со авантуристички дух, желни за рекреација, а богами и за ладно пивце, да ни се придружат на едно заедничко дружење по водите на реката Сатеска.

DSCN1651

naslovna

Потребно е сосебе да  понесете авантуристички дух, желба за забава и релаксација како и  и  добро пловило (гума, душек, кајче, кајак…).

DSCN0352-copy

Маршутата е следна:

Збирно место – Срецело 11:00 ч.

Поаѓање со организиран превоз до “Кај Перовчета” 11:45 ч.

Старт на регатата 12:00 ч.

Попатни застанувања за освежување 

Финиш 

 

Фотографии од минатите години

Поврзани написи

Коментарите се затворени.