Официјално:Волинска регата 2013 – традиција, забава, релаксација

July 6, 2013
Официјално:Волинска регата 2013 – традиција, забава, релаксација

Во недела 07.07 2013 година со почеток во 12:00 ч.  по четврти пат ќе се одржи традиционалната “Волинска регата 2013″. Имено манифестацијата започна да се организира во 2010 година  по иницијатива на волинецот Саре Мочароски и истата нема натпреварувачки карактер, туку забавно – рекреативен и претставува своевидна носталгија и потсетување на времето – дамнешно кога сите волинци се капеа по витлите на Сатеска и пловеа по неа. Оваа година поради водостојот на реката Сатеска регатата е поместена за една недела порано. Ги поканиме сите оние кои се со авантуристички дух, желни за рекреација, а богами и за ладно пивце, да ни се придружат на едно заедничко дружење по водите на реката Сатеска.

DSCN0352-copy

Потребно е сосебе да  понесете авантуристички дух, желба за забава и релаксација како и  и  добро пловило (гума, душек, кајче, кајак…).

 

dscn0299-copy

Маршутата е следна:

Збирно место – Срецело 11:00 ч.

Поаѓање со трактор до “Кај Перовчета” 11:45 ч.

Старт на регатата 12:00 ч.

Попатни застанувања за освежување – __:__

Финиш 1 – __:__

Враќање за дома со организиран превоз – __:__

Попатни застанувања за освежување – __:__

ФИНИШ 2 –  __:__

Враќање за дома со организиран превоз – __:__

 

Фотографии од минатата година

Поврзани написи