ОФЛ Охрид: Сатеска лидер

November 5, 2012
ОФЛ Охрид: Сатеска лидер

Водечките екипи Сатеска и Воска ја продолжуваат трката за освојување на есенската титула во Општинската фудбалска лига Охрид. Во деветтото коло Сатеска со службен резултат од 3-0 освои нови бодови, бидејќи гостите од Лескоец неоправдано не допатуваа во Волино, а во дербито на колото Воска на Грашница ја совлада екипата на Рудар со 5-3. Сатеска е лидер на табелата со еден гол подобра гол разлика од конкурентот Воска.

До крајот на есенскиот дел Сатеска игра со ФК Злести дома и на гости со ФК Вапила, во одложениот натпревар.

Поврзани написи