ОМД сo Петиција до Обама лобира за Македонија да влезе во НАТО

February 23, 2012

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска најави петиција до американскиот претседател Барак Обама и сите шефовите на САД барајќи од лидерите на НАТО да се даде членство во НАТО на Македонија на претстојниот самит на НАТО во Чикаго на 20-21 мај, 2012 година.
ОМД ги повика Македонците и пријатели на Македонија од целиот свет да ја потпишат петицијата, и да  го на рашират линкот што е можно повеќе .Од ОМД велат дека се потребни да се соберат 100.000 потписи пред Самитот во Чикаго.

-Покана за Македонија за членство во НАТО во Чикаго ја поддржува основната мисија на НАТО и ја покажува Европа како демократска силна на слободата. Македонија ги има исполнето сите комплексни технички критериуми за членство во НАТО, а сепак, останува надвор од Алијансата кое се должи на намерната повреда на меѓународното право од страна на Грција. Велат од Обединетата македонска дијаспора

Исто така неофициално дознаваме дека ОМД има во план да направи веб страна за македонија во НАТО MacedoniaInNATO.org која моментално не работи линкот оди на страната на ОМД.

Целоснаното соопштение од ОМД на англиски може да се види ТУКА

За да се потпишете во  петицијата кликнете ТУКА

Обединета Македонска Дијаспора

Поврзани написи