Осветени водите во Волино

January 19, 2011
Осветени водите во Волино

Со традиционално фрлање на светиот крст, во водите на реката Сатеска на средсело, денеска се одбележа големиот православен празник Богојавление – Водици во Волино.

Оваа година најсреќен и најбрз меѓу скокачите беше Никола Трпкоски. Тој на сите Волинчани и православни верници  им посака здравје, среќа успех и бериќет во годината што ни престои.

На овогодинешното фрлање на крстот во Волино, присуствуваа  голем број на верници кои земаа осветена вода за здравје на своите семејства.

Богојавление – Водици во Волино низ слики…

Поврзани написи

Коментарите се затворени.