Откажана посетата на премиерот во Волино

February 11, 2011

И покрај најавата Премиерот на Република Македонија Никола Груевски утре нема да допатува во Волино. Најавеното свечено пуштање во употреба на патниот правец Волино-Мороишта е откажано. Причина за тоа како што неофицијално дознаваме е тоа што патниот правец не е целосно изграден. Од вкупно 3,1 км изградени се 1,6 км и тоа во делот на атарот на Волино. За доизградба на преостанатиот дел во атарот на село Мороишта треба да аплицира општината Струга.

Сепак,  Премиерот утре ќе ја посети општината Дебарца. Во Оровник со Градоначалникот на општина Дебарца , Љупчо Којчиноски ќе го пушти во употреба новоизградениот патен правец :  Врска со М4 – село Оровник –Црква “Света Недела”  , а потоа во Охрид свечено ќе ја пушти во употреба новоизградената обиколница на улицата Железничка .

Поврзани написи

Коментарите се затворени.