Пилана Игор ги “отпиша” Отпишаните

August 19, 2013
Пилана Игор ги “отпиша” Отпишаните

И во вториот натпревар екипата на Отпишаните претрпе пораз. Во синоќешниот натпревар Отпишаните беа поразени од екипата на Пилана Игор со 2-1 ( 1-0 ). Головите за Пилана Игор ги постигнаа Николоски и Симјаноски, а за домашните Секулоски.

Екипата на Мешеишта дојде до првата победа на турнирот, совладувајќи ја екипата на Таш Маруништа со 3-0 ( 1-0 ), со двата гола на Стојаноски и еден на Целакоски.

Крајно неизвесен натпревар синоќа одиграа Ѓоршулески компани и ФК Лешани, нерешено 1-1 ( 1-1 ). Натпреварот беше решен во првото полувреме. Мороиштани први поведоја со голот на Јанески, а лешанци брзо возвратија преку Попоски.

Сигурна и висока победа синоќа забележа екипата на ФемБрио Велестово против Требеништа, 5-2 ( 1-1 ).

Вечерва играат:

20.00 ПАРК ФОРСИЗАН – ДЕЈАН ВОЈВОДА

21.00 ТАШ МАРУНИШТА – АРЕНА

22.00 САНШАЈН БИЧ – ИНСОМНИЈА

23.00 СТАРАТА ДАМА – МЕШЕИШТА

DSCN1383

DSCN1375

Поврзани написи