Плоштадот во Волино ќе светне со нов сјај

May 30, 2011

На Плоштадот во Волино започнаа активностите за негово осветлување. За целосно осветлување на Плоштадот ќе бидат поставени пет челични столба (канделабри) со висина од шест метри , со натриумови светилки од 150 вати, една канделабра, со висина од шест метри,  со две натриумови светилки ( во просторот до реката каде се фрла крстот) и две канделабри, со висина од три метри,  со топки фи 400 и живини светилки од 125 вати ( на Споменикот од НОБ).

Средствата за осветлување на Плоштадот ги обезбеди општината Дебарца, а Месната заедница ќе го финансира машинскиот ископ на рововите за поставување на електричниот довод.

Се очекува работите да завршат во текот на оваа недела.

Пишува: Зоран Ногачески

Поврзани написи