Поезија на Жаклина Михајлова објавена во светска Антологија на хаику поезијата во Романија

April 7, 2014
Поезија на Жаклина Михајлова објавена во светска Антологија на хаику поезијата во Романија

Деновиве беше објавена светската  Антологија на  хаику поезија “Острење на зелениот молив“ за 2014, во Романија.  Меѓу автори од целиот свет, во потесниот избор беше застапена поезија на  поетесата Жаклина Михајлова, објавена на англиски , македонски и романски јазик.

Жаклина Михајлова твори на македонски јазик, но живее и работи во Сиднеј, Австралија, каде што , покрај другите активности, активно работи на промоција на македонската култура и македонскиот јазик.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.