ПОРТА ВОЛИНО – Реакција од volino.mk

October 18, 2013
ПОРТА ВОЛИНО – Реакција од volino.mk

Почитувани,

По вчерашното објавување на ставот од Зоран Ногачески, чиј став е подржан и предложен од мнозинство на жители од Волино и дијаспората, околу понудените решенија и начинот на изградба на Волинската порта, наиде на коментар на еден од главните иницијаторите за изградба на портата. Во прв план ни ни очекувавме дека ќе навлеземе во вакви непотребни полемики, мислејќи дека во Волино сепак постои можност за договор и меѓусебно разбирање. Но очигледно, овој господин, воден од неговата тотална неписменост и арогантност, небаре е “селски кмет” се дрзнува да воведува едно умие притоа ширејќи  непотребни размислувања, кои се олицетворение на неговата глупост. Со оглед дека застапуваме едно мнозинство на жители на Волино, должни сме кон нив да дадеме одговор на неговите коментари, но овој пат во негов стил за да може и тој подобро да ги разбере.

Господине “ИНИЦИЈАТОРЕ?!” – за почеток ќе Те замолиме да наброите ама барем еден по значаен проект кој  Ти сам си го иницирал или сте дале придонес во промоцијата на Волино. Потоа, кога имате толкава храброст, вештина и сознанија дека претходните одбори за изградба проневериле суми на пари, ќе Те замолиме за почеток таа Твоја  моќ да ја искористиш и да го убедип главниот иницијатор за изградба на црквата  СВ. Петка да даде отчет за досега сработеното, или па досега веќе имаш информации. Не плаши се,  сподели ги со нас слободно. Дајте им одговор на граѓаните на Волино, која е причината поради која во изборот на фирма изведувач секогаш форсирате една те иста фирма !?

 И кога веќе тврдиш дека “МАСКИТЕ ПАДНАЛЕ” – редно време е да си ја крениш и пак да си ја ставиш твојата, зошто така извалкана, повеќе ќе одговара на Твојот лик и дело.

За крај, ако имате  доза на резерва храброст и слободоумие, повелете да ги ставиме двете понудени решенија на маса , па со јавно гласање нека изберат Волинчани, дали се за средновековни КАМЕЊА или ЗА МОДЕРНО И СОВРЕМЕНО, притоа не плашејќи се дека ќе го изгубите статусот на ИНИЦИЈАТОР, напротив, нас ни е мило што конечно ќе се активираш  и ќе се разбудиш  од деценискиот сон.

КАКО ШТО Е НАРОДСКИ кажано – “Крајот го Краси делото”, така и овој текст ќе го завршиме со среќен крај. Благодарност што сепак на вашиот “КАМЕНО – СРЕДНО ВЕКОВЕН ПРОЕКТ” успеавте да ги тргните обезглавените женски тела.

Volino.mk тим

Поврзани написи

Коментарите се затворени.