ПОРТА ВОЛИНО – Реакција од Зоран Ногачески

October 18, 2013
ПОРТА ВОЛИНО – Реакција од Зоран Ногачески

Во врска со објавената статија за Портата на својот  фб профил се јави еден од “самонаречен” иницијатор за изградба на Портата.Еве ја мојата  реакција на она што тој го напиша:

Како прво  Volino.mk  нема сопственици и тоа ние го објаснавме и нема потреба некому повторно да му го објаснуваме.

Второ- забележува зошто сме го коментирале нивното идејно решение. Не сме биле повикани!? Па, господине да не тоа Ти градиш на твое место па не можеме да коментираме! Секој граѓанин на Волино има право и да коментира и да дава предлози за еден вака значаен проект за Волино. Така да дозвола твоја не ни е потребна !

Трето-кажува дека цел живот сме го искористиле за манипулирање со граѓаните на Волино и волинци од  дијаспората и за личен профит. Види мајката! Јас кога почнав да се борам за Волино Ти беше малечко детенце, а види сега си станал судија за моето работење. Зад мене се останати капитални проекти за Волино реализирани со силна поддршка на граѓаните на Волино и волинци во странство. Секој потрошен денар е на виделина, се гледа, материјализиран е бе! Тие што ги давале парите добро знаат каде тие пари биле инвестирани.Впрочем во некои градежни одбори во кои сум бил биле и лицата кои сега се заедно со Тебе во како што велите иницијативниот одбор за Портата.

А да си земам малку слобода да Те прашам дали Волинци знаат каде се парите кои  Твојата  мајка ги собираше во Волино и пошироко за изградбата на Црквата  “Света Петка “ и дали ќе можеш да ми одговориш зошто со одлука на Митрополитот Дебарско Кичевски Тимотеј  Твојата  мајка е исклучена од работата во црковниот одбор за црквата  “Света Петка”. Не барај отчети на друго место, прво побарај си го во твојот двор.  Кога се правиш толку искрен и посветен на Волино ај одговори ми зошто  ургираш кај градоначалникот на општината и бараш од него да не ги префрлува парите за ФК Сатеска кои треба клубот да ги добие!?  Така се бориш за Волино!?  Или можеби сакаш Ти да бидеш во Клубот!? Така ли!? Е, неможе така! Други кажуваат кој ќе биде во Клубот и тука не може само да се прогласиш.

 И малку спушти се на земја, не кревај се многу, особено по победата на локалните избори. Не си Ти толку моќен да го извалкаш мојот образ, зашто волинци добро знаат за мојата чесност и жртва за Волино, освен се разбира неколкуте околу тебе. Не изигрувај некое “факторче” во Волино, зашто немаш ниту интелектуален, ниту морален капацитет за тоа. Колку повисоко леташ толку пониско ќе паднеш! Така да си знаеш!

И крајно, не плаши се, нашата намера воопшто не беше да го смениме градежниот одбор. Останете си во одборот. Тоа воопшто не ни смета. Целта на нашето писание беше само да дојдеме до најдобро идејно решение за градбата и ништо повеќе. Ниту пак велиме дека нашиот предлог е најдобриот како што Вие велите. Секој може да даде и друг предлог и секој има право на тоа.

Не попусто мудриот македонец рекол : “Кој високо лета, ниско паѓа ! “  Научи нешто од оваа поговорка, ако воопшто можеш да ја разбереш.

Зоран Ногачески

Поврзани написи

Коментарите се затворени.