Преподобен Наум Охридски Чудотворец

July 3, 2017
Преподобен Наум Охридски Чудотворец

sv_naum2Споменот на светиот рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари. Ученик на Светите Методиј и Кирил,  просветител,  духовник и мисионер.  Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на средновековен македонски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта.

Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда,  посебно со исцеленијата од тешки болести. На  јужниот брег на езерото основал манастир, кој до денес се наоѓа таму.  Тоа е познатиот манастир “Свети Наум” (кој порано бил посветен на Свети Архангели).Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Се упокои во првата половина на 10 век. Споменот за него се чува во голем број македонски народни преданија и легенди.

picture-502-copy

 И денес многумина одат во посета на неговиот гроб,  кој се наоѓа во манастирот “Свети Наум”, каде што се лекуваат од разни здравствени проблеми.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.