Претседателот на Задграничниот комитет за Њу Џерси во Детроит се сретна со Премиерот Груевски

September 8, 2012
Претседателот на Задграничниот комитет за Њу Џерси во Детроит се сретна со Премиерот Груевски

Претседателот на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Њу Џерси, волинецот Звонко Тупанчески, во рамките на Годишната конвенција на македонската дијаспора, која пред неколку дена се одржа во Детроит оствари средба со Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

Во Детроит, САД, премиерот Груевски  присуствуваше и се обрати   на Конвенцијата на Македонската православна црква  и оствари средби со македонските иселенички организации. Порака за заедништво, слога и солидарност, без поделби, за изградба на силна и почитувана Македонија, упати премиерот Никола Груевски на средбата со македонската дијаспора.

 Останете цврсти, останете во заедништво, немојте да се делите овде во дијаспората. Ни требате сложни, само така можете најмногу да и помогнете на Македонија, истакна премиерот Груевски.

Тупанчески во Детроит се сретна и со други претставници на владината делегација, меѓу кои и со пратеникот во Собранието на РМ, Влатко Ѓорчев.

Поврзани написи