Прогнозирајте и облечете дрес на Македонија

December 22, 2012
Прогнозирајте и облечете дрес на Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија доделува 10 дресови од фудбалска репрезентација на Македонија. На официјалната facebook страна на фудбалската репрезентација на Македонија прогнозирајте кој ќе биде избран за најдобар фудбалер за 2012 година.

Добитници на наградите се лицата кои ќе погодат кој од номинираните фудбалери ќе биде прогласен за “фудбалер на годината“ на манифестацијата која ќе се одржи на 27.12.2012 година во Музејскиот комплекс “Македонска борба“ во организација на Фудбалската федерација на Македонија. Имињата на тие кои ќе го дадат точниот одговор ќе бидат во барабан од кои ќе се извлечат десетте најсреќни.

Извлекувањето на добитниците е на 28.12.2012 (петок) во 18.35 часот во ТВ магазинот „Бекстејџ“.

Во гласањето (го пишувате името на фудбалерот во “коментари”) за “фудбалер на годината“ одбирате меѓу Агим Ибраими (ФК Марибор), Николче Новески (ФК Мајнц 04), Горан Пандев (ФК Наполи), Фисник Нухију (ФК Ренова), Остоја Стјепановиќ (ФК Вардар) и Крсте Велкоски (ФК Работнички).

Поврзани написи