Промовирање на таписерии изработени од вредните раце на македонските грижители

October 18, 2012
Промовирање на таписерии изработени од вредните раце на македонските грижители

По повод месецот на менталното здравје, минатиот понеделник се оганизира изложба од рачна изработка (таписерии) изработени од Македонската група на грижители за ментално здравје во регионот St George (Сиднеј) каде што живеат повеќе илјади Македонци.
Имено македонските грижители одлучија да работаат на таписерии (промовирање на македонските рачни изработки) преку кои ја промовираат македонската култура, таписерии од австралиски пејсажи и животни. Жените изработија 20 таписерии (ракотворби)и сите ги подарија на Центарот за ментално здравје каде и што ќе бидат постојано изложени.

Иако групата се состои од 15 лица само овие грижители беа вклучени во изработката на таписериите: Зора Грацкоска, Летка Димовска, Цана Марковска, Добрила Мусовска, Спасиа Огненовска, Милица Блажеска и Марија Кочовска и истите добија благодарници од директорот на Центарот Кристофер Хеј.

Изложбата ја промовира Christopher Hay, директорот на Центарот за ментално здравје, кој нагласи дека овој проект беше како дел од драмскиот проектот Страв и срам при што им се овозможи на македонските грижители да се дружат, разменуваат мислења и се вклучат во активности корисни за нивното ментално здравје. Душан Ристевски, советник за ментално здравје во оваа установа, го координираше овој проект и нагласи дека овој проект се работеше во партнерство на Центарот за ментално здравје со Австралиско-македонскиот центар за добротворни услуги од Сиднеј и двете (владина и невладина организација) установи ги обезбедија финансиите за овој проект.
Следеше закуска од македонски традиционални пецива зелници/мазници/торти исл…

Главните овогодишни теми на Месецот на менталното здравје се Радувајте се, Дружете се, Надградувајте се – сите потребни за подобрување на менталното здравје на секој човек. По тој повод во Сиднеј и Австралија се организираат разновидни предавања, промоции и активности. Оваа промоција беше дел од националната програма, а исто ќе се организирааат повеќе активности за промовирање на менталното здравје во Шопинг-центрите ширум Австралија.

Иван Трпоски

 

Поврзани написи