Божиќ во Волино

January 7, 2011

По повод празникот Божиќ, “Рожденство Христово” – синоќа од страна на младината на Волино беше организирано заедничко бдеење и прославување на празникот .

Точно во 00:00 часот, со биење на црковното ѕвоно во црквата “Св. Богородица”, беше најавено Христовото раѓање – Божиќ. Присутните, меѓусебно си го честитаа празникот: Христос се роди! Навистина се роди! Нека ни е за многу години денов, здравје, среќа и бериќет да не прати годинава.

Бадниковиот оган во Волино

Бадниковиот оган во Волино

Прославата на празникот продолжи во центарот на Волино, покрај коледарскиот оган, каде се јадеше и пиеше до утринските часови.

Младината на Волино ви ги честита Божиќните празници.

Поврзани написи