Привршува и овогодинешниот јаболкобер

October 21, 2013
Привршува и овогодинешниот јаболкобер

Добрите временски услови викендов им беа добредојдени овоштарите да привршуваат со овогодинешниот јаболкобер. Оваа година за разлика од минатата поради раните пролетни мразеви родот беше значително прореден, но она што остана во овоштарниците беше вистински квалитет. Големата родност во соседна Србија, кратката блокажа за извоз од страна на Косово, и одличната организираност на трговците, значително влијаеше врз овогодинешните цени, кој се движат во интервалот од дваесет денари па се до скромни дванаесет денари. Повисока цена достигнуваа сортите на Црвен и Златен Делишест, како и поновите сорти Грени Смит, Муцо, Фуџи, додека површински најзастапената сорта на јаболко –  познатиот Ајдаред, повторно се продава по незадоволувачи откупна цена која во мементов е дванаесет денари. Дел од производителите не задоволни од мементно ниските цени, се одлучија на складирање на производството и чекање на подобра побарувачка порследена еконмски исплатлива цена.

picture-759-copy

Кога станува збор за откупот на индустиското јаболко оваа година за разлика од минатата цената е премногу ниска. Моменталната цена е 2,5 денари, плус 2,5 денари субвенции за предадени во домашни преработувачки центри. Во Волино откупот се одвива на два откупни пунктови.

1380403_646219978743150_1631271239_n

Поврзани написи