Сатеска четврта на Петровденскиот турнир

July 13, 2011
Сатеска четврта на Петровденскиот турнир

Екипата на Сатеска го освои високото четврто место во конкуренција на 36 екипи на Петровденскиот турнир во село Мешеишта, кој заврши вчера, на Петровден. По поразот во полуфиналето од екипата на Евронационал со 1-3 ( 0-1), Сатеска синоќа играше во натпревар за трето место со екипата на Бел Мерцедес. Натпреварот во регуларните 40 минути заврши нерешено 3-3 ( 2-0). Сатеска добро го започна натпреварот и со двата гола на Скепароски Никола по првото полувреме имаше водство од 2-0. Но, на почетокот од второто полувреме за една минута Бел Мерцедес стигна до 2-2. Со голот на Бочески Дарко Сатеска поведе со 3-2, за подоцна резултатот повторно да биде израмнет на 3-3. Колосална шанса за победа имаше Секулоски Никола на две минути пред крајот кога излезе сам пред противничкиот гол, го совлада голманот, но сојузник на “таксистите” беше стативата. Следуваше пенал-рулетот и според непишаното правило Сатеска нема среќа со пеналите. За Сатеска прецизен беше само Скепароски Никола, а екипата на Бел Мерцедес беше стопроцентно прецизна за победа од 4-1 или вкупно 7-4. Во секој случај и четвртото место е убав успех за оваа млада екипа.

Поврзани написи