Сатеска и Бел Мерцедес во големото финале на Богородица Куп 2012

August 28, 2012
Сатеска и Бел Мерцедес во големото финале на Богородица Куп 2012

Конечно е остварен сонот на оваа генерација на фудбалери на ФК Сатеска, пласман во големото финале на Богородица Куп. За голема радост на волинската публика екипата на Сатеска вечерва во полуфиналето на Богородица Куп ја совлада екипата на Ремис од Охрид со 4-3  ( 2-2 ). Сатеска и Ремис одиграа неизвесен натпревар, со многу голови, пресврти и мајсторски фудбалски потези. Почетокот на натпреварот им припадна на “градежниците”, кои приредија вистински шок за домашните поведувајќи со 2-0 со головите на Колоски и Шенол. Сатеска се врати во игра со голот на Секулоски, а Бочески со голот во последната минута од првото полувреме ја врати резултатската неизвесност. Второто полувреме започна со доминација на домашните кои со голот на Секулоски направија целосен пресврт и водство од 3-2. Ремис брзо врати со голот на Лолески. На шест минути пред крајот повторно на сцена стапи Секулоски и со својот трет гол вечерва, а вкупно 18-ти на турнирот ја доведе Сатеска во ново водство од 4-3. До крајот играчите на Ремис извршија жесток притисок, но голманот на Сатеска Силјаноски со неколкуте одлични одбрани го сочува голот, за голема радост на љубителите на фудбалот во Волино и пласман во големото финале.

ФК САТЕСКА

ФК САТЕСКА

Во вториот полуфинален натпревар  екипите на Бел Мерцедес и ФК Стефан Толески исто така одиграа неизвесен и драматичен натпревар. Пештанци први го отворија резултатот со голот на Медароски Јован, водство кое го задржаа и на полувремето. Во второто полувреме искусната екипа на Бел Мерцедес со пресврт дојде до победа од 2-1. Далчев најнапред со прекрасен гол израмни, за да подоцна среќата повторно ги послужи “таксистите” кога по ударот на Стојкоски топката се одби од стативата и од нозете на пештанци заврши во сопствениот гол.

БЕЛ МЕРЦЕДЕС

БЕЛ МЕРЦЕДЕС

Во секој случај општ е впечатокот дека вечерва следевме два одлични и крајно неизвесни натпревари. Кој и да се пласираше во големото финале немаше да биде незаслужено.

Натпреварите одлично ги водеше судиската тројка Ецкоски, Настeски и Секулоски.

Резултати-полуфинале

Сатеска – Ремис  4-3  ( 2-2 )

Бел Мерцедес- ФК Стефан Толески  2-1 ( 0-1 )

Вторник, 28 август

За трето место  ФК Стефан Толески – Ремис

За прво место  ФК Сатеска- Бел Мерцедес

Дел од фузбудливата атмосфера вечерва….

Поврзани написи

Коментарите се затворени.