Сатеска на Ѓоргов Мост ја отвора новата сезона

August 26, 2017
Сатеска на Ѓоргов Мост ја отвора новата сезона

Во недела, 27.08. со натпреварите од првото коло започнува новата сезона од Третата фудбалска лига-Југозапад. Сатеска на Ѓоргов Мост ја пречекува екипата на Лакочереј 2011 од Струга, односно екипата на Караорман, која по испаѓањето од Трета лига се фузираше со првакот на ОФС Охрид, екипата на Лакочереј.

Сатеска и во новата сезона ќе настапува под водство на Цвете Делиоски и со неколку засилувања.

Целта е да се обезбеди пласман во горниот дел на табелата.

Натпреварот започнува во 16.30 часот, а ќе го води судиска тројка од Битола, предводена од главниот судија Тони Митревски, помошниците Илија Груевски и Владимир Митревски. Делегат на натпреварот е Раде Трајковски,  од Битола, а контролор на судењето Пеце Карапалевски, од Ресен.

Поврзани написи